Балкан
21. February 2016 - 9:35

Албанија соочена со политичка криза, анализи на американски медиуми

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани побара од Уставниот суд мислење за најновото именување на министер во владата што може да предизвика политичка криза, наведуваат американски медиуми.

Минатата недела премиерот Еди Рама го смени министерот за финансии и на тоа место го именуваше Арбен Ахметај, поранешен министер за економија, а на функцијата на Ахметај го именува Милви Економи.

Прашњето за именување нови министри е од една страна прашање на процедура, но владејачката партија смета дека Нишани одолговлекува што доведува во прашање и други именувања, оценуваат американски медиуми.

Нишани е избран во 2012 година од Демократската партија која сега е во опозиција. Тој им задава „главоболки“ на левичарката владејачка коалиција на Еди Рама со одлагање на именување генерали, дипломати и судии.

Ермонела Фелај, министерка задолжена за односи со парламентот вели дека владејачката коалиција можно е да бара сменување на Нишани доколку именувањата на министри не бидат потврдени до вторник, и тоа како што наведе, го овозможува Уставот.