Фудбал
12. October 2015 - 9:46

Албанија се пласира на ЕП 2016

По последните натпревари во групите Ф и И, фудбалските репрезентации на Албанија и Романија се изборија за пласман на Европското првенство коешто следната година ќе се одржува во Албанија.
 
Албанија својот историски пласман на некое големо меѓународно натпреварување го избори со победата на госта кај Ерменија со 3-0, откако по домашниот пораз од Србија ѝ беше неопходна само победа, што и го оствари. Гостите поведоа во 9 минута преку автоголот на Кама Ховханисјан, а на 2-0 зголеми Берат Џимшити во 25 минута, додека Арманд Садику во 76 минута го постави конечниот резултат.
 
Португалија само го потврди првото место во групата, со победата на Србија во Белград од 2-1. Во мечот без натпреварувачко значење за Португалија погодија Нани во 5 и Жоао Мунињу во 78 минута, додека Србија само изедначи преку Зоран Тошиќ во 65 минута. Србите мечот го завршија со играч помалку, откако во 82 минута поради прекршок црвен картон доби Немања Матиќ.
 
Португалија во оваа група е прва со 21 бод, Албанија е втора со 14, а Данска има два бода помалку. Србија го оствари најверојатно најслабиот резултат во некои квалификации освојувајќи само четири бодови, со еден пораз службено по инцидентот на мечот со Албанија, а Ерменија е последна со два бода.
 
Во рупата Ф пред последното коло пласманот на ЕП го избори Северна Ирска, а во неделата вечерата и се придружи и Романија која со 3-0 победи на гостувањето на Фарските острови. Стрелци за Романија беа Константин Будеску во 4 и 45, и Александру Максим во 83 минута.
 
Унгарија во оваа група се обидуваше да дојде до втората позиција, но загуби со 3-4 на гостувањето кај Грција. Во „лудиот“ меч Унгарците двапати водеа со 2-1 и 3-2, но Грците успеаја да ја остварат својата прва победа во квалификациите и да ги постигнат првите голови на домашен терен откако ги загубија сите три претходно натпревари без да постигнат гол. Стрелци за Грција беа Коста Стафилидис (5), Панајотис Ташцидис (57), Константинос Митроглу (79) и Панајотис Коне (8’), додека за Унгарците головите ги постигнаа Ѓерѓо Ловренсис (26) Криштиан Немет (54 и 76).
 
Победникот во групата Северна Ирска ремизираше со Финска 1-1. Така Северна Ирска на крајот собра 21 бод, Романија 20, а Унгарија. Следат Финска со 12 а на дното се Фарски острови и Грција со по 6 поени.
 
Сигурната победа на Романија ги истина сите надежи на Унгарија, и со овој расплет Унгарците се на чекор од Еуро 2016, прво по 1972 година кога беа четврти. Во моментов Унгарија е најдобро пласираната третата репрезентација и може единствено да ја мине Украина додека победи на гостувањето во Шпанија.