Албанија регистрира црн месечен рекорд на починати од Ковид-19
Албанија во изминатиот месец бележи највисоки бројки од секој апсект на пандемијата со Ковид-19.
Официјалните податоци, кои секојдневно ги објавува Министерството за здравство, само во февруари животот го загубиле 406 лица, а притоа е регистрирана и најмладата жртва во земјата, 18-годшник, кој не боледувал од други болести.
Ако се има предвид податокот дека од почетокот на пандемијата, во земјата како последица од опасниот врус починале 1.796 лица, тоа значи дека во февруари се 25 отсто од вкупно почнатите. Највиска бројка, односно 21 починат е регистрана на 25 февруари.
Минатитот месец забележана е и рекордна бројка на новозарзени на месечно ниво или 29.040, со негативен рекорд од 1.239 на девети февруари.
Досега во Албанија направени се 466.785 тестови, позитивен резултат е добиен кај 107.167, оздравеле 69.773, активни на болеста се 35.598 а починале 1.796 лица.
Во земјата на 11 јануари почна имунизацијата со која до вчера беа опфатени 13.495 лица, главно здравствени работници и постари лица од 80 години.
Денеска треба да приситигне нова пратка од 15.000 вакцини од компанијата Фајзер, со која Албанија има договор за вкупно 500.000 дози, додека поради влошената епидемиолошка состојба Комитетот на експерти за справување со пандемијата се очекува да донесе нови ограничувачки мерки.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка