Loading Video...
Свет
1. December 2017 - 16:38

Албанија под вода, силно невреме се заканува и на Бугарија

Обилните врнежи од дожд во Албанија предизвикаа излевање на реките и поплави. Состојбата е алармантна велат тамошните  власти. Во невремето загина едно лице а 13 беа спасени од надојдената вода. Покрај полицијата и противпожарните служби, на терен  се и припадници на армијата. Силни ветрови и поројни дождови се закануваат и на југозападна Бугарија. Поради опасноста што  ја носи невремето, прогласена е портокалова фаза.