Албанија од увозник стана извозник на електрична енергија
Наглото топење на снегот и обилните дождови значително го зголемија производството на електрична енергија во Албанија, што овозможи земјата од увозник да стане извозник на струја, јави дописникот на МИА.
„Албанската електро корпорација“ (КЕШ) преку тендер во текот на месец март ќе извезе 398.000 мегават часови електрична енергија, во вредност од над 13,4 милиони евра.
КЕШ наведува дека ваквиот извоз во голема мерка ќе придонесе во подобрување на финансиската состојба на компанијата.
Струјата е продадена на 14 компании по просечна цена од 34 евра за мегават.
Во текот на минатата година КЕШ беше погодена од криза поради недостигот на дождови, што Владата ја принуди да го зголеми буџетот, обезбедувајќи 4,5 милијарди леки (42 милиони евра) за увоз на струја. Исто така, за задоволување на потребите на земјата од електрчна енергија потрошен беше и фонд од околу 23 милиони евра од Светската банка.
Поради поволната хидролопка состојба, трите хидроелектрани на каскадата на реката Дрим - Фиерза, Коман и Вау те Дејес работат под полн капацитет, остварувајќи дневно прозводство од 28,8 милиони киловат часови електрична енергја.
Ново на Сител
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК