Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година
Албанскиот министер за туризам и животна средина Бленди Клоси соопшти дека Албанија ќе забрани увоз на автомобили произведени пред 2009 година.
Според него, овој чекор на Владата е со цел да се намали загаденоста на воздухот во земјата.
Како што јави дописникот на МИА, гостувајќи во емисјата „Отворено студио“ на тиранската телевизија Њуз 24, Клоси рече дека мерката е во интерес на граѓаните, бидејќи старите автомобили се еден од главните загадувачи.
- Ќе го забраниме увозот на автомобили постари од десет години од денот на прозводството. На автомобилите прозведени пред 2009 година нема да им се дозволи влез во Албанија. Ова се прави заради почиста животна средина и намалување на загадениот воздух. Еден стар автомобил троши четирипати повеќе споредено со нов автомобил. Тоа не е во интерес на граѓаните, а секако влијае и на загадувањето на околината, изјави Клоси.
Ново на Сител
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто