Албанија ќе отвора привремени прифатни кампови за мигранти кои ќе побараат азил
Албанската заменик министерка за внатрешни работи Ровена Вода најави зајакнување на капацитетите на границата, со поставување привремени прифатни кампови за мигрантите кои ќе побараат азил.
Според неа ова се предвидува со новиот Предлог- закон за азил, со кој исто така се скусува периодот на добивање одговор на барањето за азил, кого сега барателите ќе го добиваат во рок од десет дена.
-Со новиот закон се очекува да се подобри состојбата со барателите на азил во некои области, зајакнување на капацитетот на границата, со поставување неколку кампови и олеснување на процедурите за верификација на мигрантите, изјави Вода за Ора њуз.
Додава дека ќе се зголеми идентификацијата на бројот на нелегални емигранти во земјата, ќе се избегне нивното движење на албанска територија, како и попрецизна спецификација на лицата кои бараат политички азил.
-Оваа процедура ќе помогне во побрзото селектирање на овие лица, категоризирајќи ги уште од самиот почеток. Законот предвидува остри санкции за мигрантите кои ги прекршуваат правилата за престој и ним ќе им биде отфрлено барањето за азил. Исто така ќе се воведе ограничување во движењето надвор од Центарот за азил во Барбу а ќе има построг мониторинг врз мигрантите во прифатните кампови и центри, дообјасни Вода.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок