Албанија го поздрави потпишувањето на Протоколот за прием на Македонја во НАТО
Албанските власти го поздравија потпишувањето на Протоколот за членство на Македонја во НАТО, оценувајќи го како чин на гаранција за безбедноста и стабилноста во регионот.
Поздравуваќи го потпишувањето на Протоколот претседателот Илир Мета упати честитка до политичките лидери и граѓаните во Северна Македонја.
-Честитки до визионерските политички лидери и граѓаните на Република Северна Македонија за ова заслужено достигнување, што го промовира натамошниот напредок на земјата, ја зголемува регионалната безбедност и стабилност и го зајакнува Сојузот на трансатлантските заеднички вредности. Нужна одлука во вистинско време, оценува Мета.
Министерката за одбрана, Олта Џачка, веста ја оцени како одлична.
-Честитки за граѓаните на Северна Македонија за ова заслужено достигнување. Алијансата ги отвори своите врати за да го дочека својот 30-ти член во најголемото политичко-воено семејство. Силна стратешка порака за нашите соседи и за регионот на Западен Балкан. Од денес, регионот доби повеќе безбедност, стабилност и мир,-рече Џачка.
Сите албански медиуми ја пренесуваат веста за потпшувањето на Протоколот при тоа посебно нагласувајќи дека Албанија е земјата која прва денеска го потпишала овој документ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација