Албанија го поддржува формирањето војска на Косово
Албанската министерка за одбрана,Олта Џачка, по средбата во Тирана, со министерот на Безбедносните сили на Косово (БСК), Рустем Бериша,изјави дека нејзината земја го поддржува формирањето војска на Косово.
Според неа, НАТО, во спроведувањето на сопствената политика на отворени врати, ќе му помогне на Косово, Безбедносните сили да ги трансформира во армија.
- Интегриран Балкан во НАТО, не подразбира само безбеден регион,туку повеќе безбедност за самата алијанса. Затоа убедена сум дека и со помош на земјите партнери и во законски рамки безбедносните сили ќе се трансформираат во вооружени сили, изјави Џачка.
Косовскиот министер,Бериша изјави дека трансформацијата ќе помогне Косово да не биде товар на никого за сопствената безбедност,туку и да придонесе за регионот и пошироко.
- Цел на нашата влада е БСК да ги трансформира во вооружени сили,бидејќи сака да не бидеме товар на другите за сопствената безбедност,туку рамноправно и со целосна доверба да придонесуваме за безбедноста во регионот и пошироко,-посочи Бериша.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО