Балкан
20. May 2016 - 10:46

Албанија до крајот на 2016 планира да почне преговори за членство во ЕУ

Владата на Албанија планира целосно да ги спроведе започнатите реформи во судскиот систем и до крајот на оваа година да го постави прашањето за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Еуроњуз.

Рама нагласи дека албанската Влада посветено и активно работи на спорведување на планираните реформи во судскиот систем и дека очекува наскоро тие да бидат завршени.

- Тоа претставува уставна реформа. Таа е фунадаментална и радикална и таа треба целосно да го промени судскиот систем, истакна Рама во интервјуто.

Албанија поднесе апликација за прием во ЕУ во 2009 година, а во 2014 година и беше доделен статус на земја кандидат за членство во Унијата.