Балкан
15. March 2016 - 18:26

Албанија бара помош од Италија за справување со евентуален бегалски бран

Албанија побарала помош од Италија за да се подготви за евентуален бегалски бран.

Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири изјави дека Тирана побарала помош од Рим бидејќи не може да се справи со каков и да е бегалски бран без поддршка.

Билатералниот договор се очекува да биде склучен следната недела и со него ќе се помогне со опрема и персонал за регистрација на бегалците и контрола на копнените и морските граници.