Балкан
2. May 2019 - 14:44

Албанците од јужна Србија бараат да бидат дел од дијалогот Белград-Приштина

Албанците од јужна Србија започнаа иницијатива за вклучување во завршната фаза од дијалогот Белград-Приштина.

Иницијативата ја потпишаа претседателот на Националниот совет на Албанците, Рагми Мустафа, градоначалникот на Бујановац, Шаип Камбери и пратеникот во Собранието на Србија од таа општина, Фатмир Хасани.

Писмото со иницијативата го испратија до шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, до претседателот на Косово, Хашим Тачи и координаторите на приштинскиот тим за дијалог Шпенди Ахмети и Фатмир Љимај.

Во писмото исто така се наведува дека конечниот договор помеѓу Косово и Србија „претставува можност да се решат основните проблеми на Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓе“.