Балкан
9. September 2015 - 19:47

Албанците најбројни Европејци во италијанските затвори

Тирана, 9 септември 2015 (МИА) - Според последната статистика на италијанското Министертво за правда во однос на бројот на затвореници - странци, албанските граѓани се на прво место од оние кои потекнуваат од некоја европска земја, додека трети меѓу сите странци.

- Заклучно со 31 август во италијанските затвори казна  издржуваат 52.389 лица, од кои 17.304 се странски државјани, од нив 13,7 отсто се Албанци. Од вкупната бројка на затвореници секој трет е странец, пишува тиранскиот весник „Шекули“.

Албанските граѓани најчесто во затвор се поради извршени тешки кривични дела, грабежи, убиства, шверц со дрога и проституција, додека од неодамна најмалку петмина се и за  регрутирање и испраќање млади Албанци за џихад во Сирија.