Фудбал
30. May 2016 - 13:01

Алавез по 10 години пак во Примера

Депортиво Алавес по една деценија натпреварување во Втората и Третата шпанска лига успеа да се врати во Примера. Алавес, на коло до крајот на сезоната во Сегунда обезбеди една од првите две позиции на табелата и пласман во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.
 
Алавес, пред мечевите од претпоследното коло, се наоѓаше на лидерската позиција на табелата со три бода повеќе од Легањес и четири од Химнастик, а пласманот во Примера го потврди со победата од 2-0 над Нумансија.
 
Вториот патник кој директно ќе избори пласман во Примера ќе биде познат по одигрувањето на последното коло, Легањес има бод повеќе од Химнастик и ќе гостува кај Мирандес, додека Химнастик ќе го пречека Алавес.
 
Депортиво Алавес е учесник во култното финале во Купот на УЕФА од сезоната 2000/2001, кога по продолженија загуби од Ливерпул со 5-4.