Македонија
10. December 2018 - 16:43

Алармите во Кривичниот суд го одложија стартот на судењата

Звукот на алармниот систем за пожар, пред врата ги остави обвинетите и адвокатите на денешните рочишта за 27 април и Монструм во новиот кривичен суд.. Откако судската полицијата ги заклучи вратите, преку соопштение ги информираше странките дека двете судења ќе почнат по 11 часот.. Проблемот бил технички.

Алармот прекина, сите влегоа во судската зграда.

Рочиштето за 27 април продолжи со сведочења на двајца обезбедувачи на екс Директорот на БЈБ, Митко Чавков кој седи на обвинителната клупа..

Никола Димитриевски и Вангел Цакончев имаа идентични искази.. Од 18 до 20 часот, обвинетиот Чавков бил во сопствената канцеларија во зграда на Технометал.

Просторијата ја изнајмил по формирањето на техничката влада оти морал да ја напушти канцеларијата во МВР.. Сведокот Димитриевски рече дека тој како лично обезбедување на Чавков, бил пред вратата на канцеларијата и слушал како околу 19 часот, директорот на БЈБ почнал со издавање наредби за случувањата во собранието.. Не можеше да се сети какви задолженија наредувал Чавков.

Според исказите на неговите обезбедувачи, Тој околу 20 часот заминал во зградата на Граничната полиција каде бил оперативниот штаб формиран за следење на протестите.. И таму продолжи со издавање наредби на своите подредени кои биеа присутни во штабот, сведочеа членовите на неговото обезбедување.

До полноќ Чавков останал во Граничната полиција по што побарал да биде пренесен во штабот на ВМРО-ДПМНЕ – на обезбедувачите им кажал оти треба да се сретне со Тодоров.

Единствено обвинетиот Александар Василевски Нинџа имаше прашања за обезбедувањето на Чавков.. Бараше да одговорат дали директорот на БЈБ ги искористил подземните гаражи на Технометал и ВМРО-ДПМНЕ, за да отиде во партијата. И двајцата сведоци го негираат тоа..

Токму Василевски на претходното рочиште рече дека во тоа време Чавков бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ од каде издавал наредби за пасивно постапување на полицијата.

Судењето за 27 април продолжува утре.На барање на обвинетиот Горан Ѓошевски, пред судот ќе сведочи претседавачот со конститутивната седница, Трајко Вељановски..