Македонија
3. April 2018 - 13:31

Алармантно: Тројца малолетници од згрижувачки семејства во Штип пријавени за исчезнати

Тројца малолетници на возраст од 12, 14 и 16 години од згрижувачки семејства во Штип вчера избегале и заминале во непознат правец. 

Случајот во полиција вчера во 13:10 часот го пријавил вработен во Центарот за социјални работи од Штиип, кој бил назначен за старател на децата. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.