Македонија
30. March 2023 - 12:20

Алармантна е состојбата со нивото на водата во Преспанското Езеро

Преспанското Eзеро пресушува. Нивото на водата продолжува да се намалува а езерото станува се поплитко и се повлекува. Мештаните се жалат бидејќи како што велат овој период во годината наместо да се подготвуваат за летната сезона езерото исчезнува и веќе не е атрактивно за посетителите како во минатото.

Добрите познавачи посочуваат дека на езерото му се случува еколошка катастрофа како резултат на климатските промени,недостатокот на вода но и претераната употреба на пестициди за овоштарството.

Екологистите бараат посериозен пристап од институциите бидејќи како што велат се става во крајна опасност опстанокот на езерото, но и на животинскиот и растителниот свет во овој регион.