-->
-->
Алаѓозовски во Неготино каде беа пронајдени фосилни остатоци од слон
-->
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денес го посети локалитетот во Долни Дисан, Неготино, каде беа откриени фосилни остатоци од изумрен вид на слон, јавува Фокус.
Заедно со градоначалникот на Неготино, Тони Делков, тој упати честитки до истражувачките екипи од нашиот музеј и нивните колеги од Софија, соседна Бугарија за откритието кое е од големо научно значење.
Палонтолошки екипи од Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј од Софија од дваесетти април годинава започнале со ископување фосилни остатоци од изумрениот вид на слон (Choerolophodon pantelici). Овој животниски вид живеел на тревести живеалишта, слични на саваните и се смета дека е постар од мамутите.
Откритието дека во неготинско живееле слонови е топ тема во градот. Неготинчани ги преплавија социјалните мрежи со разни шеги по повод темава.
- Слонот најверојатно умрел за вода, Каде имало слонови, сигурно има и нафта, Кавадарчани ќе си пукнат од мака оти не само воз, туку и слонови сме имале, се само дел од шегите кои се актуелни од вчера, откако беше објавена веста за пронаоѓањето на остатоците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка