Балкан
31. August 2016 - 12:47

Ала: Турција од почетокот на годината уапсила над 800 лица за врски со ИД

Како дел од мерките за борба против тероризмот, Турција на над 52.000 лица им забранила да влезат во земјата, информира министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, пренесоа британските медиуми.

Ала уште додаде дека вкупно 5.803 лица биле приведени во рамки на борбата на Турција против Исламска држава, а од нив 2.200 биле странци.

Само во текот на оваа година, бројот на уапсени за претпоставени врски со џихадистичката група изнесува 815, а повеќе од половината се странски државјани, прецизира министерот.