Свет
26. јуни 2016 - 14:06

Ал Сади: Фалуџа е целосно ослободена од ИД

Градот Фалуџа е целосно ослободен од џихадистите на Исламска држава по повеќенеделна операција, изјави денеска командантот на антитерористичките сили на ирачката армија Абдул Вахаб ал Сади.

Тој додаде дека ирачките сили влегле во севетозападниот дел на Фалуџа, кој бил последно упориште на ИД во градот.

- Операцијата што почна кон крајот на мај завршена е и градот целосно е ослободен. Од населбата ал Џулан им честитаме на ирачкиот народ и на началникот на Генералштабот и прогласуваме дека борбата за Фалуџа е завршена, истакна ал Сади за ирачката државна телевизија.

Фалуџа, 65 километри одделечена од Багдад, беше под контрола на ИД од јануари 2014 година.