Свет
21. December 2016 - 13:42

Ал НУсра фронт ја презеде одговорноста за убиството на рускиот амбасадор

Одговорноста за убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов ја презеде терористичката организација Џеиш ал Фарах претходно позната како Ал Нусра фронт, јави ТАСС.

Руската агенција се повикува на телевизиската мрежа Ел Сумарија.

Карлов е убиен во понеделникот вечерта, а утре ќе биде погребан во Москва. Тој загина додека држеше говор во галерија откако во него пукаше поранешен турски полицаец.

Руските и турските власти нападот го оценија како терористички акт.