Свет
27. January 2016 - 20:55

Ал Нусра е по голема закана од ИД за Европа и САД

Фронтот Ал Нусра, огранокот на Ал Каеда во Сирија, претставува поголема опасност за Европа и за САД, покажуваат најновите истражувања. 

Како што наведува американскиот Институт за истражување на војната, ако се земат предвид долгогодишните последици, Фронтот Ал Нусра е значително поопасен. 

- Ал Нусра претставува голема закана на подолги периоди. Победата над нив треба да претставува еден од најголемите приоритети за САД и Европа, се наведува во студијата. 

Како што се наведува, Исламска држава и Ал Нусра би можеле да и се заканат на глобалната економија и да испровоцираат „западните земји да воведат контрола над граѓанските слободи“. 

- Двете групи претставуваат голема закана, меѓутоа Фронтот Ал-Нусра фронтот има врски кај цивилите и кај сириската опозиција, а потоа ќе се издигне откако ИД ќе падне, објасни Фред Каган од Институтот.