Свет
12. February 2016 - 18:38

Ал Абади: Ирачките сили освоија половина територијата која ја зазеде „Исламска држава“

Ирачките сили освоија половина од териториите заземени од борците на „Исламска држава" во земјата, изјави на Минхенската конференција за безбедност, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, пренесува БТА.

- Досега ослободивме повеќе од половина окупирана територија од Даеш, рече Абади, користејќи го арапското име на групата.

- Планираме да направиме така што оваа година ќе биде последната од постоењето на Даеш во Ирак, додаде тој.