Македонија
12. September 2015 - 9:24

Акустик сквер фестивал 2015 во Скопје

Во рамки на програмата за култура на Град Скопје вечерва ќе почне четвртото издание на манифестацијата „Акустик сквер фестивал 2015“.

Организаторот Конгресниот центар „Александар Македонски“ ја продолжува  со организирањето на овој Фестивал ги поддржува  младите македонски музичари давајќи им можност не само да го покажат својот талент туку и да настапат на професионална сцена, како и своите авторски песни да ги добијат снимени на носач на звук.

Годинава на Акустик Сквер Фестивалот ќе настапат Оливер Јаниќиевиќ - гитара, Трајче Димов – класична гитара, Nervol – две гитари и кахон, Оливер Јаниќијевиќ и Кристијан Христов – две гитари, Rock Band “Kolt”, Credo Band.