Бизнис
22. November 2015 - 19:38
Акумулацијата Подлес во Градско станува привлечна дестинација за туристите
Вештачката акумулација „Подлес“ во општина Градско прераснува во туристичка атракција. Центарот за развој на вардарскиот плански регион поставува видиковци а ќе гради и рекреативни патеки.
Проектот за поставување урбана опрема покрај езерото Подлес се реализира во соработка со министерството за локална самоуправа и бирото за регионален развој.
Заштеда на енергија во училиштата, градинките, лифотви за хендикепирани - ова се дел од проектите кои во моментов ги реализира варадарскиот плански регион.
Инаку акумулацијата Подлес е оддалечена 14 километри од Градско. Се наоѓа на падините на планината Клепа.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->