Македонија
6. October 2016 - 19:33

Актот за извршување на казната затвор од две години испратен е до гинекологот Марјан Стојоски

Актот за извршување на казната затвор од две години денеска од одделението за издржување санкции бил испратен до гинекологот Марјан Стојоски, потврдуваат за Сител од кривичниот суд. Покана била упатена, откако минатиот месец апелациониот ја потврдил пресудата на првостепениот суд. Марјан Стојокси кој беше поранешен директор на ГАК е осуден на казна затвор од две години и дополнително забарана за работа во професијата во време траење од една година.

Од клиниката за гинекологија и акушерство за Сител потврдуваат дека решението за престанок на работниот однос му било врачено на гинекологот Стојоски на трети овој месец, откако клиниката ја добила пресудата за случајот кој се водеше против него.

Доктор Стојоски за Сител вели дека процесот се уште не е завршен и најавува дека ќе ја обжали и оваа пресуда која веќе е потврдена на Апелација. Коментарот за јавноста најави дека ќе следи по финализирање на судската постапка.

Стојоски заработи кривична пријава за примање поткуп во јуни 2010 година откако лице од Кичево пријавило дека докторот барал мито од 120.000 денари за да ја оперира неговата сопруга. Дел од технички обработените банкноти кои му биле предадени во акцијата на МВР беа пронајдени во кабинетот на клиника, а дел во неговиот дом.