Македонија
8. July 2020 - 16:54

Активности на вонпарламентарните партии за претстојните избори

Чистото политичко минато е адутот на помалите политички партии во целта да ги освојат гласовите од граѓаните, особено од оние неопределените.

Работничката партија МОРО се залага за поголемо вреднување на трудот на работникот.

Единствена Македонија, пак, ќе се ангажира да го врати воениот рок.

Демократите имаат план и за развој на алтернативниот туризам.

Граѓанско демократската унија ветува дека ќе креира деловна предвидливост, бидејќи сметаат дека во Македонија недостигаат фер услови за отворање и водење бизнис, што според нив е и една од причините зошто младите се иселуваат од земјава.