Македонија
4. August 2017 - 19:05

Aктивни пожари низ цела Македонија

Не стивнува огнената стихија во државата.. Според информациите од Центарот за управување со кризи моментално се активни десетина пожари на различни локации.

Најголема територија зафаќа оној кај Македонски брод. Опожарени се околу 500 хектари со борова шума.

Пожарот активно гори повеќе од две недели а тој е веќе проширен кон Гостивар и Брвеница.. Повеќе од 100 луѓе се вклучени во гасењето на овој пожар а континуирано гасат авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, армијата како и два воздухоплови од Турција и Бугарија кои пристигнаа по барањето на македонските власти за вклучување и меѓународна помош во справувањето со пожарите..

Неколку шумски пожари има и во скопско. Гори на планината Жеден кај селото Бојане, а попладнево пожарот од Студеничани е префрлен на територијата на општина Зелениково..

Планината Јакупица, реонот на Богомила, Крушевско и подрачјето на Тетово се зафатени со пожари во кои гори дабова и бука шума, нискостеблести растенија.. На дел од овие пожари воопшто не се интервенира.

Надлежните велат дека теренот е тешко пристапен а одредени локации не дозволуваат ниту гасење од воздух..

Инаку пожарите денеска беа тема и на собраниската комисија за одбрана и безбедност..

Пратениците од СДСМ обвинија дека моменталната состојба е резултат на лошата работа на Дирекцијата за заштита и спасување.

Првиот човек на институцијата негира дека ненавремено интервенирале во справувањето со пожарите..

По зачестената појава на шумски пожари во Македонија, владата на синоќешната седница најави истрага за откривање на причините..