Активни 3.519 случаи на заразени со Ковид-19, досега починаа 376 лица
Во последните неколку недели секојдневно во земјава се бележат по речиси двесте нови случаи на заразени со Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи се бележат во Скопје, а од скопските општини во Чаир.
Од почетокот на епидемијата досега во земјава се регистрирани 7.975 случаи на заразени лица, се излекуваа 4.080 лица, а починаа 376. Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19.
Константно во последниов период најмногу нови случаи се бележат во Скопје, каде има 1864 активни случаи, во Куманово се активни 181, во Дебар 81, Штип 165, Прилеп 61, Тетово 323, Струга 156, Велес 38, Битола 29, Охрид 131, Кавадарци 17, Гостивар се активни 131, Гевгелија 3, Струмица 13, Крива Паланка 9, во Радовиш активен е еден случај, Крушево 5, Кочани 16, Пробиштип 23, Демир Хисар 5, Македонски Брод 5, Пехчево 2, Берово 1, Виница 1, Кратово 2, Свети Николе 105, Кичево 59, Ресен 89
и Неготино три случаи.
По општини во Скопје, најмногу активни случаи се бележат во Чаир – 309, Аеродром – 157, Бутел – 137, Гази Баба – 193, Центар – 143, Карпош – 143, Сарај – 124, Кисела Вода – 108, Ѓорче Петров – 101, Студеничани – 110, Шуто Оризари – 82, Арачиново – 45, Илинден – 28, Петровец – 18, Чучер Сандево – 11, Сопиште – 9, Зелениково- 13, пет странци и 128 случаи се нераспределени.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.