Активни 2.018 случаи на Ковид-19
Нови 37 случаи со Ковид-19 од 484 тестирања беа евидентирани во вчерашната 24 часовна статистика на Министерството за здравство. Починати се шест пациенти, од Скопје (73 г.), Струга (79 г), Гостивар (55 г.), Крива Паланка (63 г.), Делчево (86 г.) и од Кичево (74 г.). Регистрирани се 251 оздравен пациент.
Вкупниот број на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата достигна 15.127, бројот на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов има 2.018 активни случаи.
Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 591, во Куманово 248, во Прилеп 142, во Гостивар 134, во Тетово 125…
Досега во државава се направени вкупно 158.003 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти од кои на кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се две деца и една мајка позитивни на Ковид-19, шест деца и шест мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ во Скопје примени се шест пациенти. Вкупно хоспитализирани се 27 пациенти од кои на респираторна машина се седум пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Податоците за активни случаи по општини во Скопје покажуваат дека најмногу има во Аеродром – 102, по штро следат Кисела Вода и Гази Баба со по 70, Карпош – 65, Центар – 58, Чаир – 55, Бутел – 37, Ѓорче Петров – 35, Шуто Оризари – 24, Студеничани – 16, Сарај – 15, Илинден – 11, Арачиново – 10, Сопиште – 6, Петровец – 5, Чучер Сандево и Зелениково со по два, шестлица се странци, а двајца се нераспределени.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште