Активни 12.262 случаи на Кoвид-19, вчера 468 нови позитивни
Изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 468 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 192.288. Оздравени се 284 пациенти, а пријавени се 11 починати лица.
Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатото деноноќие направени се вкупно 4.295 тестирања, а регистрирани се 468 нови случаи на КОВИД-19. Од нив најмногу има во Скопје – 227, Куманово – 41, Штип – 26, Велес и Охрид – по 23, Кавадарци – 16, Струмица – 13, Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 11…
Според официјалните бројки, САД се најтешко погодената земја во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус, пред Бразил и Индија. САД, исто така, имаат најмногу заразени во светот. Невакцинираните лица се уште се најпогодени од оваа болест, бидејќи ги има многу во земјата- кампањата за вакцинација, која почна во декември и својот врв го достигна во април, со понекогаш четири милиони вакцинации на ден, сега е нагло забавена. Нешто повеќе од 64 проценти од американското население, или 215 милиони луѓе, примиле барем една доза од трите вакцини одобрени во САД.
Во Калифорнија, пак, сите ученици кои сакаат да посетуваат настава во државни или приватни училишта ќе мора да бидат вакцинирани, соопшти гувернерот на оваа американска сојузна држава Гевин Њусом. Одлуката се однесува на шест милиони ученици и студенти во Калифорнија, која е најнаселената држава во САД.
Оваа обврска за задолжителна вакцинација нема да стапи на сила барем до следната година, согласно распоредот на возрасните групи за кои американската агенција за лекови-ФДА целосно ќе ја одобри вакцината.Вакцината е одобрена за лицата над 16 години, но засега не и за оние на возраст од 12 до 15 години, кај кои се инјектира само во итна пандемиска постапка. За децата под 12 години, пак, се уште не е одобрена.
Претставници на здравствените власти од Нов Зеланд вчера соопштија за 27 нови случаи на многу заразната делта варијанта на коронавирусот во Оукланд, во кој граѓаните излегоа на улиците протестирајќи против речиси двомесечното затворање на најголемиот град во земјата.
Ново на Сител
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа