Македонија
19. August 2018 - 17:02

Активистите со тура им покажаа на посетителите како гасоводот ќе го уништи Водно, владата не попушта

Граѓаните и државата во битка за Водно. Парк шумата не треба да е дел од трасата на гасоводот, предупредуваат граѓанските организации.. Велат дека градежната механизација неповратно ќе ја уништи биолошката разновидност. Од иницијативата Не низ Водно, не ги прифаќаат оправдувањата од владата дека еколошки проект е гасоводот со минимален ефект врз животната средина.

Иницијативата „НЕ низ Водно“ денеска организираше инфо тура за да покаже низ каков предел е предвидено да минува гасоводната линија. Според граѓаните, проектираната траса ќе уништи огромни површини шума а тоа е потенцијалана опасност од појава на свлечишта.

По реакцијата на граѓаните, минатиот месец од Владата информираа дека е можно да има отстапки во планот ама не се размислувало за целосна дислокација на гасоводот.

Доколку владата остане глува на барањата, Граѓанските организации најавуваат дека за проблемот ќе ги информираат и меѓународните организации.

Според проектот за гасификација, трасата Скопје – Тетово е предвидено да минува по јужните падини на Водно, од Сопиште преку врвот на планината и Бел камен до Сопиште.