Македонија
13. October 2021 - 13:42

Активист на Левица повикан во полиција за инцидентот со Заев на 11 Октомври

Активистот на Левица Иван Јованоски кој на чествувањето на 11 Октомври на Могилата на непобедените во Прилеп заедно со уште 10 луѓе стоеше на местото каде државните делегации положуваа цвеќе е повикан на распит во полициска станица.

Оваа информација на социјалните мрежи ја сподели лидерот на партијата Димитар Апасиев.

-Народниот херој од 11 октомври од Прилеп - носителот на нашата советничка листа ИВАН Јованоски, кој му го покажа местото на Заев на буништето од Историјата - денес е повикан на распит во полициска станица!?, напиша Апасиев на Фејсбук.