Активен пожарот во Гоцевата шума кај Неготино
Пожарникарите се уште го гасат пожарот во Гоцевата шума кај Неготино, кој избувна вчера околу 16 часот, информира утринава Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица од Неготино. Пламените јазици зафатиле трева, меѓи, лозови насади, но и дел од шумата.
- Засега не може да се каже колкав дел од шумата е зафатен од пожарот, кој со часови се обидуваме да го локализираме, а кој беше помогнат од силниот ветер. Сега е најважно тој да биде целосно изгаснат, рече Илиев.
Во гаснењето на пожарот тие до еден часот по полноќ учествувале со 8 пожарникари и три противпожарни возила. На помош им дошле и тринаесетина работници од подружницата на „Македонски шуми“ од Демир Капија со едно возило, тројца кавадаречки пожарникари со противпожарно возило и една цистерна од компанијата „Кожувчанка“.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно