Активен пожарот над пехчевско Негрево
Пожарот над пехчевско Негрево се уште е активен. Гори густа борова шума, а во неговото гаснење се ангажирани 40 лица.
Директорот на ЈП „Македонски шуми“ - Подружница „Равна Река“ Борче Бојчевски, рече дека на терен се ангажирани за гаснење екипи од Подружницата од Пехчево, ТППЕ од Берово, екипи од од општината, од комуналното претпријатие.
- Станува збор за опасен пожар кој брзо се шири, бидејќи станува збор за густа борова шума и со помош на ветрот. Засега можеме да кажеме дека е зафатена површина над 15 хектари, рече Бојчевски.
Бојчевски се сомнева дека пожарот е подметнат и испраќа апел до граѓаните да бидат совесни и да не ја уништуваат иднината на идните генерации, бидејќи со пожарот не се уништува само дрваната маса во шумата, туку и сите нејзини многубројни општокорисни функции.
Пожарот над пехчевски Негрево е активен од вчера од 19 часот.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок