Македонија
16. April 2018 - 10:27

„Актите се кастрирани“ прва поетската збирка од Катерина Гогова

 „Актите се кастрирани“ е дебитантска поетска книга на Катерина Гогова која деновиве излезе од печат во издание на „Современост“ од Скопје.

Збирката вклучува 48 песни поделени на четири циклуси и воведна песна. Стефан Марковски во својот осврт пишува дека во манир на талкач, кој се обидува да го пронајде заборавот откако го допрел себепознанието, поетесата оддава впечаток дека воедно ги допрела или барем, ги согледала оние толку многу нешта кои можат да се случат најавени во воведната песна.

За Ѓоко Здравески, јасноста на поетските слики зборува за длабокото и искрено преточување на внатрешните светови во текст, нешто што многу често недостасува во поезијата.

Катерина Гогова е родена 1989 година во Дојран. Студент е на Медицинскиот факултет и е дел од тимот на Здружението на граѓани ХОПС − Опции за здрав живот, каде работи во програмата за намалување на штети кај корисници на дроги. Дел е и од неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“ која има за цел рециклирање и донирање храна на социјално загрозени категории граѓани.