Актерот низ солзи: Колку беше добар Маринко покажува и чудото на неговиот погреб
Ненад Јеждиќ со актерот Маринко кој вчера беше испратен во вечното живеалиште, имаше бројни улоги. Освен што работеа заедно, тие беа и добри пријатели. Тој специјално во шоуто на Ами Џи вчера говореше за својот птијател и не можеше да ги сокрие солзите.
- Колку беше добар и како човек и како пријател покажува тоа што се случи на неговиот погреб. Толку спротивности денеска цел ден се прегрнуваа, бакнуваа, тешеа, се зближија само поради него на денот на жалоста. Само тој можеше вака да го спои она што не се спојува, вели Ненад низ солзи.
Вели дека го запознал на слава, а потоа почнале заедно да играат во претстави. Го паметел како момче со одличен глас.
- Ми беше голема поддршка, ми беше инспирација, додава актерот.
Од него научил многу иако бил помлад од него.
- Тој нам ни ја одигра улогата на животот. Треба само да следиме што правеше изборуваше. Беше помлад од мене, но ме научи многу, завршува Јеждиќ низ солзи.
Ново на Сител
-
Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук
-
Сто илјади навивачи на улиците на Тирана
-
Пронајдено телото на работникот од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат
-
Цонга ја заврши богатата кариера
-
Ѓорѓевски: Благословот од СПЦ е без ниту едно условување, нѐ прифаќаат како што сме
-
Пендаровски: Политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и на ЕУ
-
Директор во скопска фирма физички нападнал вработена
-
Руската армија зазела уште еден град во Доњецк