Живот
23. јуни 2017 - 17:10

Актерката откри бизарни детали за Ѓоша, се виделе 10 дена пред смртта

Актерката Јелена Чворовиќ која глумеше сопруга на актерот Ѓоша во легендарната серија "Семејно богатство", откри детали за актерот кој вчера ненадејно почина на 49. годишна возраст во својот дом.

- Глумевме заедно во легендарната серија, многу ми е жал што почина, се виовме пред десетина дена, беше весел како и секогаш и насмеан. Она што го забележав беше дека е многу здебелен и му реков, што правиш со себе, дај ослаби малку. Тој ми вели, кога ќе слушнеш експлозија, знаеш дека сум тоа јас, дека сум рикнал, вели актерката за српски Блиц.

Вели ќе го памети по хуморот и специфичниот шарм, многу работел, а не се чувал себе воопшто.

- Кога го видов прв пат на аудиција за филмот рековме со колегите, тој ќе постигне голем успех, многу е талентиран. Се смеевме, кикотевме, поминувавме време заедно, го обожавав, вели таа.