Џет-Сет
12. September 2016 - 18:47

Актерката Мелиса Џорџ физички нападната од сопругот

Актерката Мелиса Џорџ е примена во болница, откако нејзиниот партнер Жан Давид Бланк физички ја нападнал.

„Пари Мач“ објави дека 40-годишната ѕвезда на сериите „Вовед во анатомија“ и „Пријатели“ била хоспитализирана во Париз и дека во болница останала подолго од 24 часа. Таа ја повикала полицијата од нејзината куќа и го пријавила нападот.

Според весникотм Мелиса имала повредена по лицето и чувствувала вртоглавица, мачнини и болки по целото тело.

Засега не се познати повеќе детали за нападот.

Жан Давид Бланк, кој е основач на популарната страница „AlloCine“ посветена на филмови, одби да ги коментира пишувањето на медиумите и не одгоцарал на повиците на новинарите.

Мелиса е најпозната по улогата на лекарката-бисексуалка Седи Харис во серијата „Вовед во анатомија“, а беше номинирана и за Златен глобус за улогата во драмата „In Treatment“. Таа се појави и во сериите „Добрата сопруга“ и „The Slap“.

Бланк го запозна во 2011 година и со него има две деца - двегодишниот Рафаел и десетмесечната Солала.