Џет-Сет
12. January 2019 - 20:39

Актерката го доеше своето бебе на снимање: Оваа неодолива фотографија собра многу симпатии

Кејт Хадсон неодамна се породи но и покрај тоа таа продолжи да ги извршува своите деловни обврски и тоа со бебе во прегратка.

Таа на Инстаграм објави фотографија со својата љубимица додека ја дои, а тоа и не е ништо чудно, ако во тој момент таа не беше на снимање, па паузата ја искористи да го нахрани бебето.

„Кога работиш, и бебето мора да јаде“, напиша актерката во описот на својата фотографија.