Македонија
7. April 2019 - 8:34

Актерката Билјана Беличанец пронајдена мртва, потврди МВР

Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје.

Од МВР за МИА потврдија дека нејзината смрт ја пријавил член на семејството синоќа околу 22.40 часот.

Според извори од истрагата, се работи за самоубиство.

Беличанец беше актерка во Драмскиот театар во Скопје.

Таа беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.