Живот
19. јуни 2017 - 13:29

Aктер убиен во центарот на градот

Словенечкиот глумец Гашпер Тич е убиен во својот стан во центарот на Љубљана, а осомничен е 20-годишно момче кое е уапсено од страна на полицијата.
 
Полицијата ја продолжува истрагата и засега не открива детали за злосторството поради интересот на истрагата.
 
Словенечките медиуми, повикувајќи се на извори од истрагата пишуваат дека 20-годишниот осомничен сам се јавил во полиција и признал дека го убил глумецот. Според други извори пак, соседите пријавиле дека во станот на Тич има галама.
 
Мотивите за убиството засега не се познати.