Фудбал
14. July 2016 - 11:49

Акраповиќ: Имаме игра за Нефчи

Попладнево во 18ч фудбалерите на Шкендија го играат првиот дуел од второто квалификациско коло со домашниот Нефчи. 

Средбата во престолнината на Азербејџан, Баку е можност за тетовчани да ја продолжат успешната приказна во Лига Европа по елиминацијата на силната Краковија. 
Загрижува што на единствениот тренинг во Баку не се појави Буба Хасани но според информациите од таборот на Шкендија, Хасани ќе игра вечерва.
Првиот стратег на нашиот претставник во Европа, Бруно Акраповиќ на прес-конференцијата пред официјалниот тренинг  најави дека добро е проанализирана играта на противникот , дека тактиката е подготвена и мечот може да почне.