"Ако умрам денес, ќе умрам среќен" - Тренерот на Чапокоензе по квалификувањето во финалето
"Ако умрам денес, ќе умрам среќен" - изјавил Каио Јуниор, тренерот на Чапокоензе по квалификувањето во финалето.
Бразилскиот тим Чапокоензе не стигна да го игра финале на Куп на Суд Американа, откако нивниот авион се сруши во Колумбија. Од вкупно 81 патник во авионот, дури 75 се мртви. Меѓу петмината преживеани, дури тројца се фудбалери на бразилскиот клуб.
Судбината си поиграла со тимот на Чапокоензе. Фудбалската експедиција била принудена да го смени авионскиот лет за да стигне до Меделин, каде требале да играат меч против Атлетико Национал. Сепак на крајот тие не стигнале до посакуваната дестинација. Авионот се урнал поради проблеми со моторот.
Среќа да бидат живи извлечени од урнатините имале само петмина патници, од кои тројца се членови на Чапокоензе. Дефанзивецот Алан Рушел и голманите Џексон Фолман и Данило успеале да го преживеат падот. Жив е и еден од бразилските спортски новинари кои патувале заедно со клубот, како и еден член на екипажот. Неколку играчи на тимот, воопшто не влегле да патуваат на кобниот лет.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили