„Ако сум ја убил Јелена, на Теразије да ме обесат“ - Зоран Марјановиќ се колне дека не е виновен!
Зоран Марјановиќ, сопругот на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ, во текот на сослушувањето во полиција упорно инсистирал на тоа дека не е убиец и дека нема никаква врска со злосторството.
Дури и понудил да го осудат на најтешка казна ако се утврдид ека е виновен.
–Зоран буквално ги преколнуваше полицајците да му поверуваат дека тој не е убиецот. Во еден момент, низ солзи, буквално рече: „Се колнам дека не сум виновен. Еве, нека ме обесат на Теразије ако сум јас тој кој ја убил мојата Јелена“. Цело време се оправдуваше дека ја сакал, дека е љубовта на неговиот живот и дека никогаш не се карале. Меѓутоа, факт е дека во неговиот исказ има многи контрадикторности. Ќе видиме што ќе покаже истрагата, каква е неговата улога во сево ова, вели извор близок на истрагата.
Полицијата успеа да дојде до нови сознанија во истрагата на убиството кои со денови не ѝ дава мир на Србија. Полициско куче откри како се движел убиецот на насипот на смртта. По смртта избегал преку ливада до патото кој води кон населбата Црвенка, а потоа завлегол во нивите. Истовремено полицијата трага по син караван, автомобил кој бил виден на насипот во време на злосторството и кој е регистриран на безбедносните камери.
Ново на Сител
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата