Бизнис
18. July 2016 - 16:39

Ако сте уплатиле за летување во Турција, еве што ви препорачуваат од агенциите

Македонците кои планираат да ја посетат Турција во наредните 10 дена, да престојуваат во хотели со пет ѕвезди, апелираат од Туристичко угостителската комора при ССК. Сметаат дека во овие капацитети безбедноста е на многу повисоко ниво и македонските туристи се посигурни отколку во другите сместувалишта. Оние кои одат надвор од хотелските ресорти треба да бидат многу попретпазливи.

- Постојано ја следиме состојбата во Турција, секојдневно контактираме со турските туристички агенции и со Министерството за надворешни работи. Моментно ситуацијата не е како што треба и затоа пепорачуваме секој што планира да ја посети земјата во наредните десет дена, да престојува во хотели со пет ѕвезди зашто тие се побезбедни, нагласи Керим, додавајќи дека сликата за ситуацијата во Турција се очекува да биде појасна по десетина дена

Состојбата во Турција не ги предомислува македонските туристи ниту пак агенциите кои ја нудат оваа дестинација.

Според последните информации  околу 1000 македонски туристи се наоѓаат во Турција, сите се контактирани и се безбедни. Во саботата од Комората за туризам и агенциите смируваа дека нема простор за паника. Авионските линии нормално функционираат. Засега нема проблеми ниту со патниците кои самостојно патуваат за Турција или пак со автобуси.