Ако секој ден користите слушалки - ова мора да го знаете
Слушалките денеска ги користат речиси сите генерации. Каде и да се свртите, дали во автобус, пошта или на улица, ќе видите некој со овој мал уред во ушите. Меѓутоа, без разлика колку се забавни и дискретни, со нив треба да бидете претпазливи. Дури и некои истражувања покажуваат дека оние што користат слушалки имаат 40 проценти повеќе бактерии од оние кои не ги користат.
–”Тие се сами по себе нехигиенски, па долготраен притисок на кожата на ушниот канал, кој е нежен и тенок, може да предизвика воспалителни процеси кои обично се многу болни и непријатни”, истакнува д-р Александар Вујовиќ, специјалист за оториноларингологија.
Затоа треба да ги чистите секоја вечер.
Јачината на звукот се мери во децибели и таквото назначување не е на листата на денешните емитери на звук, па ако не го слушате соговорникот кои ви се обраќа додека слушате некоја содржина со помош на слушалките, можете да сметате дека звукот е силен и не е добар за вашето уво.
”Секој звук што го слушате во тишина или во секојдневното опкружување, а кој не доаѓа од надвор, веќе е производ на вашето уво, а има форма на тапани, шуштење, ѕвонење, е показател дека вашето уво страда. Се разбира, овие симптоми можат да се појават од голем број други причини, а не само поради слушалките”, истакнува д-р Вујовиќ и додавајќи дека во практика спорадично се јавуваат млади пациенти со оштетување на слухот кој е предизвикан од силен звук.
Ако овој тренд продолжи, оториноларинголозите ќе имаат полни раце работа, но, како што вели д-р Вујовиќ, без многу можности да помогнат бидејќи оштетување на слухот со силен звук прави непоправливи оштетувања. Така да, за да не ги замените слушалките со слушни апарати ставете малку прст на копчето волумен во минус.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање