Ако сакате иселеничка виза за Нов Зеланд, како професија можете да наведете – сексуален работник
Сите оние кои би сакале да се доселат на Нов Зеланд, би можеле да добијат значајни поени за виза како секс работници или ескорт, пишува “NZHerald”, повикувајќи се на сајтот на владината агенција “Immigration NZ’s”.
Имено, секс или ескорт работници кои бараат работа на Нов Зеланд, би можеле да имаат среќа, бидејќи, како што се наведува на порталот за имиграција, двете професии се на списокот за вештини.
Според податоците од листата на австралиските и новозеландските класификации за професии – ANZSCO, сексуалните работници се наведуваат како петто ниво на квалификанти, а оние кои се пријавуваат можат да освојат поени за виза ако се платени повеќе од 36,44 долари на час. Исто така, оние кои се пријавуваат по таа основа мора да имаат три години искуство во секс индустријата.
Сепак, новозеландската Асоцијација за миграција и инвестиции тврди дека нема да биде лесно тие барања да се одобрат.
“Иако проституцијата е со закон дозволена професија, тоа не е професија која имигрант може да ја пријави за трајна виза. Оние кои поднесуваат барање треба да имаат и формална понуда за вработување”, велат од институцијата.
Како што објаснува, агенцијата не “дава виза за привремен влез на сите кои пружаат или имаат намера да пружаат комерцијални сексуални услуги”. Тоа е во склад со Законот за реформи во проституцијата од 2003. година, во кој се наведува дека привремени визи нема да бидат издадени, ниту ќе се одобруваат на секој планира да работи или да вложува во комерцијалниот секс.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени