-->
-->
Ако размислувате за работа во Германија, внимателно прочитајте го ова: Еве како ги третираат странските работници
-->
Работодавците во Германија редовно ги искористуваат странците, кои помалку плаќаат, вработуваат без договор и ги присилуваат да работат прекувремено, а за прекувремената работа не им плаќаат, предупреди во средата германскиот Институт за човекови права.
Тие странци се жртви на „немилосрно искористување“ на работа, наведува независениот Институт во годишниот извештај кој беше поднесен во германскиот парламент.
Работодавците не сакаат да ги исплаќаат странците, меѓу кои се Сиријци и Ирци кои таму се уште од 2015 година, Бугари и Латиноамерикаци, ги плаќаат дури и помалку од минималната плата која моментално е 8,84 евра бруто по час. Некои странски работници мораат да работат прекувремено но за жал ни тоа не им е платено.
Такви ситуации има во секторот за градежни работи, во фабриките за преработка на месо, но и во здравството и во угостителството.
Во извештајот се предупредува и на тоа дека странците често работат без договор за работа, не се на платен список, што тоа им го отежнува правото за евентуално поднесување на тужба.
Нивните работодавци не им плаќаат ни придонеси.
- Всушност, тие луѓе немаат никаква можност да се обратат на судот во врска со платата, изрази жалење директорката на институтот Бета Рудолф
Германија во 2015 година примила околу милион воглавно од Ирак и Сирија. Со оваа одлука Ангела Меркел беше критикувана, но работодавците ја поддржаа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа