Ако ова се докаже во случајот против Лука Лазукиќ, Наташа Беквалац би можела да има проблем
По давањето изјави по повод тужбата што Наташа Беквалац ја поднесе против Лука Лазукиќ заради насилство во семејството, (Лазукиќ изјави дека е невин и дека не ја претепал), следува истрага, а правниот тим на Лука ќе се обиде да докаже дали пејачката била под влијание на опијати во време на немилиот настан. Изворот близок на српскиот портал „Србија данас“ открива дека е клучно Наташа да оди на анализа на крвта, урина и на влакна од косата. „Клучна е токму анализата на влакно од коса, бидејќи во случај Наташа да била под дејство на опијати, во влакната се задржуваат до 90 дена, а во крвта и во урината само 4 или 5 дена“, објаснува изворот кој е упатен во целата приказна.
Инаку, на пејачката и’ била направена анализа на крвта кога била во Ургентен центар по инцидентот во ноќта меѓу 13 и 14 април, кога, како што тврди, ја претепал сопругот. Тогаш не и’ беа направени комплетни прегледи и се’ беше завршено брзо, за 20-тина минути, а за токсиколошките анализи се потребни неколку часа. Притоа, Наташа не даде крв што требаше да се испрати на оксикологија на ВМА. Тоа е стандардна процедура при пријава за насилство во семејството“, вели изворот. Поради сомневање во резултатите на крвта на Наташа Беквалац, адвокатите ќе бараат повторно да се направи анализа и тоа на ВМА. „Ако се открие дека земала опијати, тоа би можело да фрли поинакво светло врз целиот случај и врз спорната ноќ кога дошло до инцидентот меѓу неа и Лазукиќ“, тврди изворот на „Србија данас“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација